Натпреварот од Третата германска Бундес лига меѓу Дуизбург и Оснабрик, беше прекинат поради инцидент предизвикан од навивачите, јавува Спорт Клуб.

Играчот на гостинскиот тим Арон Опоку, инаку Германец, од трибините на расна основа бил навредуван. Судијата по кратка дискусија ја прекина играта, а играчите на двата тима заминаа во соблекувалната. Резултатот во тој момент беше 0:0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.