Откако Црвена Звезда загуби од ПСЖ синоќа во Белград во последиот меч од групната фаза во Лигата на шампионите, навивачи клубот останале во шок по средбата кога тргнале да си одат дома – нивните гуми на автомобилите биле дупнати.

И не станувало збор за еден-два автомобили, туку за еден куп, кои биле паркирани во близина на најголемиот српски стадион „Рајко Митиќ“. Непознати сторители направиле ршум по автомобилите, а најголем дел од настраданите биле паркирани во близина на стадионот на Партизан, кој е на 500 метри од стадионот на вечниот ривал.

И тоа што е најинтересно, жртви биле навивачи од провинција. Ниту еден од Белград.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.