Со голот на македонскиот репрезентативен напаѓач, Илија Несторовски, екипата на Удинезе славеше на домашен терен против Фиорентина со 1:0 во рамки на 24 коло во Серија А.

Несторовски, кој го одигра целиот натпревар, му донесе нови три бода на својот тим со прецизен удар со глава во 86 минута.

За Несторовски ова е втор гол сезонава во италијанското првенство. Претходно, македонскиот репрезентативец ја затрењсе противничката мрежа на 12 декември, во триумфот над Торино од 3:2.

Со ефект од седум победи, десет порази и седум нерешени натпревари Удинезе во моментов е на 12 место на табелата со 28 бодови, а во следното коло тимот на Несторовски му гостува на Милан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.