Еден од најдобрите фудбалери во словенската репрезентација, Јосип Иличиќ по синоќешното реми со Македонија истакна дека мечот бил тежок и дека во оваа група ќе треба да се вложи многу напор за да се освои секој бод.

Беше навистина тежок натпревар. Примаме прелесни голови, но тоа е фудбалот. Пречесто ни се случува да примаме лесни голови кога имаме водство, но мора со кренати глави да гледаме напред. Има уште многу натпревари пред нас, секој бод ќе биде тежок за освојување и секој бод ќе има голема важност, истакнал фудбалерот на Аталанта кој смета дека силите меѓу селекциите во групата Г се релативно израмнети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.