Фудбалската репрезентација загуби од Ерменија со 1:0 со што не успеа да обезбеди пласман во лигата Б од Лигата на нации.

Македонија имаше добра игра и контрола на случувањата на теренот во првото полувреме, но во 55 минута несреќно примивме гол, по кој не можевме да се вратиме во егал.

Жалиме што не се пласиравме во Лигата „Б“. Во првото полувреме не ги искористивме нашите шанси, а во второто примивме еден наивен гол. Не требаше да калкулираме, а тоа го реков и пред мечот. Играта не беше најдобра, да, поразени сме, но мора да сфатите дека тешко е за фудбалерите да се играат три натпревари за седум дена. Не можете секогаш да победувате. Важно е тоа дека претходно ја остваривме главната цел со победата над Грузија и пласманот на Европското првенство – изјави по средбата селекторот, Игор Ангеловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.