Напаѓачот на италијанскиот фудбалски прволигаш Милан, Златан Ибрахимовиќ, обелодени дека има проблеми со Ахиловата тетива и веројатно нема да може да настапи в недела на првенственото дерби против Јувентус во Торино.

– Ќе видиме, состојбата се менува од ден во ден, но не е тајна дека имам проблем со тетивата и не сакам да ризикувам трајни последици. Сакам да ја издржам целата сезона и затоа морам да си повторувам дека не сум Супермен. Мојот проблем е во тоа што премногу работам – изјави 39-годишниот Ибрахимовиќ за официјалниот сајт на Милан.

Поради проблемите со тетивата, Ибрахимовиќ го пропушти вчерашниот воведен натпревар на Милан во Лигата на шампиони против Ливерпул, кој италијанскиот тим го загуби со 3:2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.