Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, се најде во непријатна ситуација, бидејќи компанија во која тој е еден од инвеститорите поседува 10 отсто акции во една обложувалница, а правилата на ФИФА и УЕФА им забрануваат на фудбалерите да имаат финансиска корист од обложувалници, објави шведскиот весник „Aftonbladet“.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, комапнијата „Unknown AB“ со седиште во Стокхолм, во која 39-годишниот Ибрахимовиќ е еден од акционерите, поседува 10 отсто акции во обложувалницата „Bethard.com“.

Медиумите наведуваат дека на шведскиот репрезентативец и член на Милан му заканува парична казна во висина од 100 милиони евра или максимална суспензија во траење од три години.

Не сме разговарале околу тоа со Ибрахимовиќ и не размислувам за можни санкции. Меѓутоа, што се однесува до правилата на ФИФА, мислам дека тие би требало да бидат појасни, бидејќи постојат различни толкувања – изјави генералниот секретар на Шведската фудбалска федерација Хакан Сјостранд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.