Позната е понудата од Милан до Златан Ибрахимовиќ, сега топката е кај шведскиот фудбалер кој треба да одлучи дали ќе ја прифати.

Златан Ибрахимовиќ го бира новиот тим, оној во кој треба да се пресели во декември кога ќе му истече договорот со ЛА Галакси.

Се пишуваше дека Ибрахимовиќ бара шест милиони евра за шест месеци, Милан му ја нуди таа сума но за 18 месеци. Тоа значи дека понудата на росонерите е три пати пониска од таа што ја бара фудбалерот.

Ибрахимовиќ има 38 години, па се чини дека понудата на Милан е многу пореална отколку неговите барања.

Фудбалерот наскоро треба да се изјасни дали ќе прифати да се врати во Милан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.