Златан Ибрахимовиќ од денеска и официјално е нов член на калчолигашот Милан каде се одлучи да го земе дресот со бројот 21.

Секако ова беше интересно за јавноста, па робусниот напаѓач за клупската телевизија обелодени зошто се одлучи за таа бројка со што ги расчисти сите дилеми и теории.

Им ги покажав достапните броеви на моите деца и тие го преферираа 21, па јас се одлучив за тоа. Се немам променето од дете. Се уште ја имам истата глад, одлучност и самодоверба. Дали се плашам? Не. Мојата цел е да му помогнам на клубот, тимот да ја подобри ситуација во која се наоѓа. На индивидуално ниво да бидам што можам подобар. Сите се среќни, јас добив многу пораки со честитки. Сега е официјално, -истакна Златан кој кратко проговори за улогата на Бобан и Малдини во овој трансфер.

Во последните две-три недели, зборував со нив повеќе отколку со мојата сопруга. Се се заврши добро, затоа и сум тука, -порача во свој стил Швеѓанецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.