Напаѓачот на Лос Анџелес галакси, Златан Ибрахимовиќ, најави дека ќе го напушти клубот. На 38-годишниот Швеѓанец му завршува договор на крајот на годината.

Дојдов видов победив. Благодарност до Лос Анџелес галакси што ме натера повторно да се чувствувам жив. За фановите на Галакси – го сакавте Златан, ви го дадов Златан. Ве молам. Историјата продолжува … Сега вратете се на гледање бејзбол, напиша Ибрахимовиќ на Инстаграм.

Ибрахимовиќ во Галакси дојде во 2018 година од Манчестер јунајтед. Претходно беше дел од ПСЖ, Милан, Барселона, Интер, Јувентус, Ајакс и Малме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.