Играчот за врска на Рома, Хенрих Мхитаријан ќе го продолжи договорот со клубот, објави новинарот Николо Шира.

Според Шира, 32-годишниот Ерменец ќе потпише договор до 2023 година со плата од 4,5 милиони евра плус бонуси.

Во сезоната 2020/21, Мхитаријан одигра 46 натпревари за Рома, постигна 15 гола и 13 асистенции. Тековниот договор на играчот важи до крајот на јуни 2021 годинa.  За него се говореше дека не е во добри односи со новиот тренер Мурињо и затоа ќе си замине од „Волчицата“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.