Полската фудбалска репрезентација нема проблем со гостување кај Израел во квалификаиците за Европското првенство 2020, во меч од групата во која се наоѓа и репрезентацијата на Северна Македонија.

Проблемите во Појасот Газа се минато, и од полската федерација велат дека добиле уверување од Израелците дека им се гарантира безбедноста на нивните фудбалери и навивачи. Со одлуката натпреварот да се игра како што беше планирано, се согласија и од УЕФА.

Средбата Израел – Полска треба да се игра на 16 ноември во Ерусалим, а тоа е истиот ден кога македонската репрезентација ќе гостува кај Австрија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.