Италијанскиот фудбалски Лацио има намера да го задржи лидерот на тимот Чиро Имобиле.

Според новинарот Николо Скира, римскиот клуб започнал преговори за продолжување на соработката со напаѓачот до 2024 година. На играчот ќе му биде понудена плата во висина од четири милиони евра годишно.

Лацио исто така сака да го продолжи договорот и со голманот Томас Стракоша до 2025 година за плата од два милиони евра годишно.

Триесетгодишниот Имобиле е предводник на стрелците во Серија А со 27 гола на 26 одиграни натпревари

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.