Фудбалскиот тим Муксес од Мексико Сити има за цел промовирање на поголема вклученост на ЛГБТ заедницата, сметајќи на огромната љубов на Мексиканците кон најпопуларниот спорт во Латинска Америка.

Муксес е основан пред една година и именуван по домородните трансродови лица кои со векови биле дел од јужномексиканските заедници. Клубот нуди, пред сѐ, простор во спортот за ЛГБТ заедницата, во нацијата од 126 милиони жители.

– Во нашата држава има многу предрасуди!, смета 47-годишниот фудбалер Хесус Трехо.

Муксес имаат црни дресови и лого со роза и фудбалска топка. Нивни спонзори се „Најки“. Основачот Хереми Олета вели дека клубот планира да создаде и женски фудбалски тим, што би било уште поинклузивно.

– Да се ​​игра во ЛГБТ екипа е различно. Никој никого не дискриминира, иако не се сите играчи хомосексуалци, рече 25-годишниот фудбалер Умберто Рамирес.

Во Мексико има повеќе фудбалски ЛГБТ клубови

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.