Екипата на Хетафе синоќа загуби со 2:0 на гостински терен кај Бетис во 7. коло од шпанското фудбалско првенство, со што дојде до седум порази на седумте натпревари на почетокот на сезоната.

Со ваков ефект, Хетафе стана четвртиот тим во историјата на Ла Лига и прв по 25 години, што го има постигнато овој негативен рекорд. Претходно, таков скор имаа и Екстремадура (1996), Сарагоса (1952) и Расинг (1929).

Следниот дуел на Хетафе е на 3 октомври кога го пречекува Реал Сосиедад во рамките на 8. коло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.