Лукас Моура постигна хет-трик за сензационална победа со пресврт на Тотенхем над Ајакс од 3-2 на гости, со која англискиот премиерлигаш се пласира во финалето на фудбалската Лига на шампионите (ЛШ) првпат во клупската историја.

Тотенхем, во финалето на 1 јуни во Мадрид, ќе се соочи со ривалот од англиското првенство Ливерпул, кој синоќа ја елиминира шпанска Барселона.

Домаќинот имаше водство од 2-0 по првото полувреме со головите на Матис де Лихт во петтата минута и на Хаким Зиеш во 35-та минута, пред Моура да стапи на сцена, погодувајќи го 55-та, 59-та и во шестата минута од судиското надополнување на мечот.

Тотенхем отиде понатаму благодарение на поголемиот број погодоци постигнати на гости во двомечот кој заврши со вкупен резултат 3-3, откако Ајакс претходно славеше со 1-0 во Лондон.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.