Аргентинскиот интернационалец во редовите на Манчестер сити постигна трио гола во вечерашниот триумф над Арсенал со 3:1.

Серхио Агуеро погоди во првата, 44 и 61 минута.

Стрелец на голот за гостите од Лондон беше Кошиелни со 11 минута.

По оваа победа „граѓаните“ му се доближија на лидерот на табелата во Премиер лигата Ливерпул на два бода.

Шанса Ливерпул да се врати на плус пет ќе има утревечер кога треба да му гостува на Вест Хем во последниот натпревар од 25. коло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.