Челси дојде до втората европска шампионска титула во клупската историја со триумфот од 1-0 против Манчестер сити во годинашното англиско финале во Лигата на шампионите. Единствениот погодок на овој финален меч го даде Каи Хаверц кој поентираше во 42. минута од средбата.

„Ова е неверојатно чувство. Чекав долго време и сега успеав. Работев напорно цели 15 години за овој момент. Пресреќен сум“ – истакна Хаверц по мечот.

Во продолжение, новинарот го потсети дека тој е најскапиот фудбалер во историјата на Челзи и го запраша како се чувстува.

„Не ми е гајле дека сум најскап. Среќен сум што ја освоив Лигата на шампионите“, додаде Хаверц.

Стрелецот на голот доби и пофалби од Аспликуета.

„Го заслужи ова. Имаше тешка сезона, но неговиот менталитет е врвен. Ќе биде ѕвезда, а всушност веќе е ѕвезда. Ја освои Лигата на шампионите“ – истакна капитенот на Челси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.