Хаос на теренот во завршницата од натпреварот меѓу Фрајбург и Ајнтрахт Франкфурт од 11. коло во Бундеслигата. Натпреварот, кој се одигра на „Шварцвалд“ стадионот, донесе немили сцени во кои настрада капитенот на гостите и тренерот на домашните.

За време на судиското продолжение гостинскиот дефанзивец Давид Абрахам ги загуби нервите и го патосираше тренерот на домаќините, Кристијан Штрајх. Ваквиот потег на Абрахам предизвика бура на клупата на Ајнтрахт и играчите експресно му се нафрлија.

Судијата Брих мораше да покаже два црвени картони, еден на Абрахам и еден на Грифо кој беше меѓу резервистите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.