Хрватскиот великан Хајдук доживеа шок, на домашен терен пред 20.000 публика беше совладан од малтешкиот Гзира јунајтед и елиминиран по првото квалификациско коло во Лига Европа.

Веднаш по завршување на мечот фановите се обидоа да влезат во вип ложата, дел од нив влетаа на теренот, но за среќа беше спречен поголем инцидент. Лицата за обезбедување брзо реагирале, пишуваат медиумите во Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.