Тренерот на Манчестер сити, Јосеп Гвардиола, истакна дека не е целосно задоволен од играта што неговиот тим ја прикажа на натпреварот со Астон Вила, вчера во рамките на 10. коло од Премиер лигата.

Според него „граѓаните“ имале осцилации во играта.

– Пред шест дена бевме осум бода зад лидерот. Сега јазот е само три поени. Ова е добро. Иако Ливерпул треба да игра со Тотенхем во ова коло. Она што сега ме интересира не е табелата, туку начинот на кој играме. Ако играме како во второто полувреме, ќе се бориме за лидерство. Но, ако играме како во првото полувреме, ќе бидеме далеку од врвот. Ова не е нешто ново, тој секогаш бил наш проблем, истакна Гвардиола.

Ливерпул попладнево се среќава со Тотенхем и во случај на победа ќе му „избега“ на Сити шест бода

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.