Навивачи на Партизан дивееле на автопатот „Милош Велики“ ноќта меѓу вторникот и средата. Како што пишува Република.рс, хулигани наоружани со палки, факли и друго оружје решиле да ги нападнат автомобилите кои во тоа време поминувале на автопатот.

Два автомобили биле уништени, а, за среќа, нема посериозно повредени во нападот. Се верува дека тоа всушност е напад на навивачите на Партизан врз фанови на Црвена ѕвезда кои биле во Белград да го гледаат дуелот против Јанг бојс на стадионот „Рајко Митиќ“.

Полицијата уште трага по сторителите, а видеото од нападот може да го погледнете ТУКА.

Партизан вечерва игра против Молде на гости, во реванш-мечот од квалификациите за пласман во групната фаза во Лигата на Европа. Црно-белите имаат предност од 2:1 по првиот меч одигран во Белград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.