Летното засилување на Барселона, Антоан Гризман верува дека добро ќе се соработуваат на теренот со Луис Суарез и Лионел Меси. Досега тројцата не успеаја да играат заедно поради повредите на Уругваецот и Аргентинецот.

Јас сум во клубот само два месеци. Сè уште се навикнувам на играта во Барселона, на улогата и движењата на моите соиграчи. Прилагодување на играта со Суарез, Меси и Дембеле. И тие се навикнаа да играат со мене. Но, гледам дека заедно се движиме во вистинската насока како тим, изјави Гризман за „Ел Мондо Депортиво“.

Барселона синоќа со Борусија Дортмунд одигра 0-0, а Гризман и Суарез го одиграа целиот натпревар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.