Напаѓачот Антоан Гризман преку социјалните мрежи им се обрати на фановите на Барселона по напуштањето на каталонскиот клуб.

– Драги навивачи. Се збогувам со вас и ви благодарам за вашата љубов. Дадов сè што можев за Барселона и станав дел од историјата на овој голем клуб. Заминувам со тага што повеќе нема да можам да уживам во вашето присуство на трибините, но горд сум што бев еден од вас, напиша Гризман на Твитер.

Францускиот фудбалер се пресели од Барселона во Атлетико на последниот ден од летниот преоден рок. Мадридскиот клуб го изнајми 30-годишниот Французин до крајот на сезоната 2021/22, со опција за продолжување на договорот за уште една година, како и опција за откуп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.