Фудбалерот за врска на Манчестер сити, Џек Грилиш, по синоќешната победа над Лајпциг (6:3) во Лигата на шампионите, изрази надеж дека неговиот тим ќе успее да го освои елитното натпреварување.

-Одлично е што победивме. Одлична вечер за тимот и за мене лично. Успеав да постигнам гол, тоа е неверојатно чувство. Играчите постојано зборуваат за минатогодишното финале. Сите се решени оваа година да направат чекор понатаму. Стартот беше добар. Се надевам дека овој пат ќе одиме до крај, изјави Грилиш за официјалната веб-страница на УЕФА.

Во второто коло од оваа група на Лигата на шампионите, Сити ќе игра со Пари Сен-Жермен, додека Лајпциг ќе се соочи со Клуб Бриж. Средбите ќе се одржат на 28 септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.