Вечерва, по пауза од 15 месеци повторно имаше публика на Градскиот стадион во Скопје „Тодор Проески“. Се играше пријателскиот фудбалски меч Македонија – Словенија. Освен горкото реми, во 97. минута, верните навивачи на македонската репрезентациија се згрозија и од она што го видоа.
Арената „Тодор Проески“ личеше на кокошарник. Валканка и гнасна, полна со цигари и отпушоци на сите страни. Се поставува прашањето како е можно УЕФА и ФФМ да дозволат ваков срам на националната Арена која беше изградена во времето на ВМРО ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.