Интер планира изненадување во нападот и враќање на Горан Пандев во нивните редови, тврди италијанскиот експерт Џанлука Ди Марцио.

Како евтина опција за замена за Лаутаро, Интер размислува да го врати големиот Горан Пандев, кој што има постигнато 5 гола оваа сезона, вели тој за „Скај спорт Италија“.

Македонскиот репрезентативец веќе најави пензија по завршувањето на сезоната, но можеби ќе сака последните месеци да ги помине токму во Интер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.