Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, вечерва, на Националната арена „Филип Втори“ на мечот со Летонија го игра 100-от настап во дресот на А репрезентацијата. По тој повод „Гранде Пандев“, доби признанија од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Европската куќа на фудбалот (УЕФА), а претходно капитенот на „црвено жолтите“ доби специјален подарок од соиграчите.

Пандев во „клубот 100“ му се придружи на Гоце Седлоски кој моментално е во тренерските води. Новиот „мистер 100“ дебитираше минатата деценија, а низ годините носеше огромна радост со своите погодоци. Пандев е најдобар стрелец во македонската фудбалска репрезентација со 33 погодоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.