Аргентинскиот напаѓач, Гонзало Игуаин откако изминатата сезона ја мина на позајмици во Милан и Челси, се врати во Јувентус.

Сепак, се уште не е извесно дали тој следната за сезона е во плановите на „старата дама“ или пак Јуве ќе се обиде да се ослободи од напаѓачот. Со оглед на тоа што Игуаин успешно соработуваше со Сари во Наполи, не е исклучена можноста италијанксиот стратег да смета на неговите услуги и да му даде сериозна минутажа во тимот.

Игуаин во синиот дрес одигра 18 натпревари во сите конкуренции и постигна пет гола, a со Челси ја освои титулата во Лига Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.