Милан Борјан, голманот на Црвена Звезда заработи веројатно тешка повреда за време на вечерашниот меч против тимот на Спартак во Суботица.

Борјан во 55. минута по една интервенција во казнениот простор падна незгодно. Веднаш се крена на нозе, но во истиот момент повторно се струполи што беше сигнал веднаш да влезе медицинскиот тим на „црвено-белите“ во терено.

Чуварот на мрежата на српскиот првак на носилки и притоа со мобилизиран врат беше изнесен и ставен во амбулантно возило и транспортиран до најблиската болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.