Најголемиот фудбалски гигант Реал Мадрид тргнува по Енис Барди. Раководството на „кралскиот клуб“ нуди 40 милиони евра за македонскиот репрезентативец и член на Леванте, Енис Барди, и сака да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“ во летниот преоден рок.

По големиот триумф на Македонија против Германија во Дуисбург и одличното издание на Енис Барди, кој беше асистент на првиот гол на Горан Пандев, раководството на Реал Мадрид донело дефинитивна одлука за купување на играчот од средниот ред.

Премиерлигашите Арсенал и Њукасл досега беа најзаинтересирани за ангажман на Барди, но и не испратија официјална понуда. Англиските медиуми потенцираа дека двата клуба се подготвени да платат 25 милиони евра за негов ангажман. Сепак, Реал Мадрид е сега многу поконкретен и нуди одлични 40 милиони евра

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.