Напаѓачот Џејми Варди ќе отсуство од теренот неколку недели, бидејќи мора да замине на операција на ингвинална хернија, соопшти денеска тренерот на премиерлигашот Лестер, Брендон Роџерс.

Според информациите, Варди веќе неколку месеци го пролонгирал хируршкиот зафат со цел да му помогне на клубот во настапите во Премиерлигата.

-Џејми ќе биде аут во следните неколку недели. Изминатите месеци тој чувствуваше здравствени проблеми, но стисна заби и беше фантастичен. Сега ни следува порелаксиран период што ќе овозможи Варди да замине на операција, која повеќе не може да се одложува, истакна Роџерс.

Според процените на лекарите, Варди ќе биде подготвен да се врати во составот на Лестер за мечот против актуелниот првак Ливерпул, закажан за 13 февруари

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.