Екипата на Челси во суперефикасен натпревар го совлада Вулверхемптон со 2-5 на гостински терен. „Сините“ уште во првиот дел обезбедија висока предност откако Томори го отвори резултатот, а Теми Абрахам со два гола му обезбеди предност на својот тим од 0-3 на полувреме.

Десетина минути во вториот дел Абрахам запиша хет-трик, за потоа домаќините преку Саис и Кутроне да намалат на 2-4. Конечниот резултат го постави Маунт во судиското продолжение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.