Шампионот и лидер во Италијанското фудбалско првенство, тимот на Јувентус, попладнево во 9. коло одигра нерешено 1:1 на гостувањето кај Лече.Jуве играше без Роналдо кој доби поштеда од тренерот Сари.

Гостите кои на овој дуел важеа за апсолутни фаворити поведоа со голот на Пауло Дибала од пенал во 50. минута, изедначи Марко Манкосу по само шест минути.

Јувентус остана на првата позиција со 23 собрани бода, но со можност да биде симант од лидерската позиција доколку Интер вечерва забележи победа на домашен терен против Парма.

Лече има осум бода и се наоѓа на 16. место

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.