Аргентинската фудбалска федерација размислува да го покани Диего Симеоне на функцијата селектор на националниот тим, пренесува „Ел Чирингито“.

Договорот на 50-годишникот со Атлетико е потпишан до крајот на сезоната 2021/22.

Симеоне го предводи Атлетико Мадрид од декември 2011 година. Под негово водство, тимот ја освои шампионската титула, Купот на Шпанија и Суперкупот, двапати Лигата на Европа, два УЕФА Суперкупа, а исто така играше двапати во финалето на Лигата на шампионите.

Како фудбалер, Симеоне одигра 104 натпревари за Аргентина (петти во историјата) и постигна девет голови

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.