Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл, во интервју за лондонски „Телеграф“, изјави дека не знае кој е премиер на Велика Британија.

Велшанецот тврди дека живее во „сопствен балон“, изолиран од светските вести, па не знае ниту кој е Борис Џонсон.

– Знам за Брегзит, тоа влијае врз моите инвестиции. Но, не знам кој е премиер на Велика Британија. Борис Џонсон е? Не знаев. Мислев дека тој е градоначалник. На телевизија гледам само голф, изјави Бејл, кој денеска од Мадрид замина за Лондон, и предизвика контроверзи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.