Синоќа екипата на Шалке 04 претрпе тежок пораз против Манчестер Сити од 7-0 на гостувањето во рамки на ЛШ.

Некогашниот шампион на Бундеслигата и вчера имаше силна поддршка, па голем број германски навивачи пристигнаа во Манчестер и навиваа низ улиците на градот. Меѓу нив имало и членови на популарната група „Уге“, која е збратимена со „Комити“ од Скопје, а нивото големо пријателство го слушна и Манчестер, откако грмеше „Гелзенкирхен – Скопје“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.