Половина Германци се против организацијата на Светското првенство во 2022 година во Катар. Според истражувањето на британската компанија за меѓународно истражување на пазарот и анализа на податоци „YouGov“, 48 % од Германците сметаат дека нивната репрезентација треба да се повлече од турнирот во Катар поради кршење на човековите права извршени во земјата домаќин во подготовките за Светското првенство.

Ова мислење е диктирано и од извештаите за дискриминација на ЛГБТ заедницата, што е забрането со закон во земјата.

Само 28 % од испитаниците биле за учество на Германија на Светското првенство во 2022 година, а 24 % претпочитале да не изберат една од опциите и да не коментираат на поставеното прашање.

Баварскиот парламент ќе ја разгледува ситуацијата на сослушувањата на Федералната комисија за спорт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.