Светски познатиот фудбалер Роналдо по петти пат ќе стане татко, пишуваат светските медиуми. Неговата свршеница Георгина Родригез е на почетокот на бременоста. Таа неодамна се појави на доделувањето на наградите „Марка“ во тесен фустан, кој го истакнуваше нејзиниот стомак. Веста за бременоста на Георгина уште не е потврдена.

Освен едногодишната ќерка Алана, Роналдо има уште три деца – Кристијано Роналдо јуниор, Матео Роналдо и Ева Марија дос Сантос.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.