Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, беше исклучително разочаран од синоќешниот пораз од Интер со 2-3 синоќа, како и инцидентот помеѓу Френк Кеси и Лукас Биља, кои за малку не се степаа клупата.

Многупати сум критикуван за дефанзивниот стил на игра, но мора да се види и со какви играчи располагам. Мислам дека се држевме достојно на теренот. При 0-2 секој друг тим би паднал психички. Бев задоволен од нашите перформанси, креирани позиции, а на крајот бевме близу до израмнување. Поразот боли, но навистина ме допре тоа што Кеси го направи на клупата. Ова е нешто што не можам да го прифатам. Ова не е начинот на кој гледам на фудбалот и на тимскиот дух. Сите во соблекувалната треба да се почитуваат, изјави популарниот Рино веднаш по мечот на „Сан Сиро“.

Стратегот на „росонерите“ смета дека тој носи одговорност за дисциплината во соблекувалната, а играчите знаат колку се потпира токму на тоа.

Тие можат да ме критикуваат за тактиката, но јас ја изградив својата кариера врз почит, тимски дух, бранењето на името на клубот и честа на дресот, како и почит кон играчите. Тоа е се за мене и затоа поразот денеска е двоен. Ќе соопштам што ќе направам во следните неколку дена, додаде Гатузо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.