Македонската футсал репрезентација загуби вчера од Романија во Темишвар со високи 9:1 во својот последен натпревар во квалификациите за пласман на Европското првенство 2022 во Холандија.

Десеткуван поради отсуството на неколкумина повредени и позитивни на коронавирус стандардни репрезентативци, македонскиот состав беше инфериорен на теренот и веќе по првиот дел Романците водеа со 6:0.

До крајот на натпреварот домаќините стигнаа до убедлива победа, а единствениот гол за „црвено – жолтите“ го постигна Драган Петровиќ во 25. минута.

Босна и Херцеговина заврши првопласирана во групата 4 со 15 бодови, пред Србија (9) и Романија (6), додека македонската репрезентација заврши последнопласирана со два освоени бода. ег/са

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.