Новите правила за Ковид-19 за првпат во мак-фудбалот се почувствуваа во женската фудбалска лига. Тиверија Струмица има десет позитивни членови на првиот тим, па мораше дуелот против Речица (2-2) да го игра со деца, пишува Гол.мк.

Сепак, Тиверија Струмица одигра храбро и остана непоразена. Од првиот тим отсуствуваа пет репрезентативки кои покажаа позитивни тестови од претходно, плус три дополнителни фудбалерки кои се покажале како позитивни, а исто така двајца членови на стручниот штаб завршија во изолација.

Во тимот, Тиверија Струмица имаше само две полнолетни девојки. На овој меч екипата ја водеше Ѓорѓи Шопов, а двата гола за реми ги постигна Слаѓана Ѓорѓиева.

Се огласија и од тимот од каде упатуваат голема благодарност до сите млади фудбалерки кои играле денес, а ќе бидат наградени од управата на клубот. Исто така упатуваат и благодарност до родителите на девојките за безрезервната поддршка што ја даваат во овие тешки моменти за  клубот од Струмица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.