Фудбалската репрезентација на Бразил ќе игра во финалето на Олимписките игри во Токио. Во првото полуфинале „Кариоките“ славеа над Мексико со 4:1 по изведување на пенали.

Резултатот по регуларните 90 и дополнителните 30 минути беше нерешен 0:0.

Бразилците се бранители на златниот медал од Олимпијадата во Рио де Жанеиро 2016 година.

Ова е трето последователно олимписко финале за Бразилците кои во 2012 година на Олимписките игри во Лондон загубија токму од Мексико со 1:2.

Во второто полуфинале,играат Јапонија и Шпанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.