Репрезентативците на Македонија во фудбал ќе добијат парична награда во пресрет на натпреварот со Исланд, кој одлучува дали ќе играме бараж за Мундијалот или не за пласман на СП во Катар.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на овој начин сака дополнително да ги мотивира нашите фудбалски херои да остварат нов историски успех на домашен терен.

„Управниот одбор и претседателот Сејдини го ценат успехот и на овој начин продолжуваат да даваат признание и да влијаат позитивно на понатамошната атмосферата во репрезентацијата. Овие резултати не се случајни, туку плод на повеќегодишна работа и стратегија. Среќни сме што на големите успеси со пласмани на Европско Првенство со репрезентацијата до 21 година и А-репрезентација, сме блиску да додадеме и пласман во бараж за Светско првенство.

Ова се многу значајни моменти за македонскиот фудбал, имаме нова шанса за историски резултат и се разбира дека ќе дадеме сè од себе за да ја искористиме. Фудбалерите и стручниот штаб на секој следен натпревар ја потврдуваат својата големина и навистина ни е драго што федерацијата тоа го вреднува и на ваков начин, иако за оваа репрезентативна група тоа никогаш не било најважно. За нас е значајно што имаме шанса за првпат да се пласираме на Светско првенство, а уште повеќе што македонската репрезентација ја обединува целата држава”, изјави директорот на репрезентацијата на Македонија, Дени Масев.

Репрезентативците и стручниот штаб веќе добија премија за добрите настапи на претходните три натпревари од мундијалските квалификации против Ерменија, Исланд и Романија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.