Македонската фудбалска репрезентација е во Амстердам и денес ќе одржи еден тренинг, официјалниот на „Јохан Кројф“ арената, каде ќе се одигра дуелот со Холандија од 18 часот.

Македонскиот капитен Горан Пандев ги пропушти двата тренинга во Амстердам, поради порблемите со зглобот и неизвесно е дали ќе настапи против „лалињата“ во понеделник.

На Европскиот шампионат Македонија е без шанси за пласман во осминафиналето, додека Холандија е прва во групата со две победи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.