Премиерлигашот Евертон на својата официјална веб-страница информира за отстранување од тимот на фудбалер кој е под истрага за сексуален престап.

Потврдуваме дека суспендиравме играч од првиот тим во очекување на полициска истрага. Клубот ќе продолжи да ги поддржува властите во нивните истраги и нема да дава никакви други изјави во овој момент – се вели во соопштението.

Претходно „Сан“ објави дека фудбалер на клубот од Ливерпул е уапсен под сомнение за сексуални злосторства врз деца.

Играчот во моментов е ослободен со кауција во очекување на понатамошна истрага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.