Холандско-мароканскиот фудбалер Абделхак Нури се разбуди од кома по две години и девет месеци. Откако на мечот Вердер во 2017-та година овој играч се сруши на теренот и колабираше, веднаш беше хоспитализиран и утврдено е дека има проблеми со срцето.

Сега, е буден, а тоа го потврди неговиот брат.

Тој спие, јаде, прави гримаси. Но, и натаму е многу зависен од другите. Со него е можно да се разговара само во одредена мерка, на пример комуницираме со него на начин што тој ги крева веѓите. Но, во моментов тоа е одлична состојба за него, изјави Абдерахим, брат на фудбалерот на Ајакс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.