Франк де Бур е назначен за нов селектор на Холандија. 50-годишниот тренер на оваа позиција ќе го замени Роналд Куман, кој минатиот месец го презеде кормилото на Барселона. Де Бур потпиша двегодишен договор до Светското првенство во Катар во 2022 година.

Де Бур,како тренер со Ајакс освои четири последователни титули во првата лига во Холандија во периодот од 2011-2014 година. Сепак, неговите три ангажмани надвор од родната Холандија беа неуспешни.

Де Бур беше отпуштен од Интер по само 85 дена на функцијата во 2016 година, а следната година остана во Кристал Палас десет недели. Неговата последна тренерска работа беше во Атланта Јунајтед во фудбалскиот шампион во МЛС лигата, каде го водеше клубот до успех за Купот пред да замине во јули по 18-месечен престој.

Де Бур ќе дебитира на својата нова позиција како тренер на „лалињата“ на пријателскиот натпревар против Мексико на 7 октомври, по што следуваат два натпревари во Лигата на нации на почетокот на следниот месец. Холанѓаните ги пречекуваат Мексиканците во Амстердам на 7 октомври, пред да отпатуваат во Босна и Херцеговина на 11 октомври и Италија три дена подоцна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.