Килијан Мбапе со два гола и донесе победа на Франција вечерва над Данска во 2.коло на Светското првенство 2022. Французите славеа со 2:1 и се првите кои обезбедија осминафинале на Мундијалот во Катар.

Во првото полувреме немаше голови. Во вториот дел, во 61. минута Мбапе донесе водство за „триколорите“. Седум минути подоцна израмни дефанзивецот на Данска, Андреас Кристенсен. Во 86. минута Мбапе постигна втор гол и и донесе победа на Франција.

По второто коло, француската селекција води во групата Д со максимални 6 бода. Австралија е на второ место со 3, Данска е трета со 1 бод, колку што има и Тунис на четвртото место.

На 30 ноември Франција ќе игра против Тунис, додека Данците ќе се сретнат со Австралија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.