Франческо Тоти, легендарниот фудбалер на Рома, за италијанските медиуми обелодени дека почнал романтична врска со Ноеми Боки откако дознал за неверствата на неговата сопруга, Илари Блази.

Не е точно дека јас бев првиот што изневери… Илари претходно излегуваше со други мажи – изјави Тоти за „Кориере дела сера“.

Тоти признава дека неверството на Илари Блази го довело до сериозна депресија и дека успеал да се врати во нормала откако почнал да се гледа со Ноеми.

Ги надминав психичките проблеми благодарение на Ноеми. Таа е најзаслужна за тоа – вели Тоти.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.